
ВИДЕО: Бугарски политичари изнајмувале жиголо, а не му платиле, тој пред камери си ги бара парите
Неколку бугарски пратеници, министери и високи функционери на полицијата ги користеле услугите на жиголото или како што сака да се нарекува машки ескорт Јордан Јорданов, пишуваат бугарските медиуми.
Препорачано
Меѓу нив е и градоначалникот на Свиштов, од редовите на ГЕРБ Генчо Генчев, како и советник во општината кој се соочи со жиголото, кој дојде со телевизиска екипа да си ги бара парите кои не ги добил.
– Не сте си ги платиле сексуалните услуги. Еве сте гол во хотелската соба. Така ли треба да изгледа еден лекар и општински советник? Зошто бегате ќе си платите ли за сексуалната услуга, трчаат по него новинарот и жиголото, додека советникот бега прво низ ходниците на општината, а потоа и низ улиците на Свиштов.
Еден од редовните клиенти според жиголото, бил актуелниот градоначалник на Свиштов, од партијата на Бојко Борисов.
– Пред две години имавме сексуални односи, беше платено, како за секој нормален клиент. Си завршив работа како што треба да се заврши ама тој не ми плати колку што бевме договорени. Имаше и втора и трета средба. Првиот пат беше договорената цена, дури третиот пат почнавме да не се разбираме финансиски, рече Јорданов.
Тој вели дека бил пријавен во полиција дека врши изнуда и уцена, но вели дека само си ги барал парите за услугата.
-Се води дело за мене за рекетирање, да. Кога започнавме да имаме недоразбирање од финасиска гледна точка тој поднесе пријава дека сум го изнудувал и бев задржан 24 часа. Пред 6 години почнав со сексусални услуги, сакам повисок стандард на живот, вели Јорданов.
Како што тврди машкиот ескорт Јорданов, на неговата листа на услуги се многу пратеници, началници на МВР, министри, високи функционери, кои плаќале за секс со него, односно за неговата активна улога.