
ВИДЕО | Брод што се движеше кон Газа со Грета Тунберг погоден од дронови
Дел од бродовите на „Глобалната флотила Сумуд“, на која се наоѓа Грета Тунберг, беа погодени од дронови, објави британски Метро.
Препорачано
Снимките споделени на Инстаграм покажаа повеќекратни експлозии додека бродовите, кои носеа хуманитарна помош за опколените Палестинци, моментално се наоѓаат во близина на Грција.
„Повеќе дронови, неидентификувани објекти се исфрлени, комуникациите се блокирани и експлозии се слушаат од голем број бродови“, се вели во соопштението на „Глобалната флотила Сумуд“.
„Во моментов сме сведоци на овие психолошки операции од прва рака, но нема да бидеме заплашени – изјави еден од патниците во бродовите.
Во нападот никој не е повреден, а флотилата продолжува да ја следи ситуацијата.
Германската активистка за човекови права и членка на флотилата, Јасемин Аџар, во видео што го објави на Инстаграм изјави дека пет брода биле нападнати.
View this post on Instagram
Таа нагласи дека флотилата транспортира само хуманитарна помош, додавајќи: „Немаме оружје. Не претставуваме закана за никого.“
Експедицијата кон Газа моментално брои 51 брод, од кои повеќето се наоѓаат во близина на грчкиот остров Крит.
Флотилата веќе двапати беше цел на беспилотни летала во Тунис, каде што нејзините бродови беа закотвени пред да го продолжат патувањето кон Газа.
Мисијата е најголемиот напор од ваков вид што има за цел да стигне до Газа, каде што 2,4 милиони Палестинци живеат под израелска блокада.
Израел претходно пресретнуваше бродови што се упатуваа кон Газа, запленувајќи ги бродовите и депортирајќи ги оние на нив.