Единствениот преживеан од авионската несреќа на авионот на Ер Индија/Фото: AFP / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Британец го преживеа падот на индискиот авион: Немам поим како се спасив

Вишваш Кумар Рамеш, 40-годишен маж од Лондон е единствен преживеан од фаталниот лет. Седел на седиштето 11А во авионот на „Ер Индија“, кој се урна вчераутро во Ахмедабад при што загинаа над 200 луѓе. Неговото седиште било веднаш до излезот од авионот.

Британско-индискиот државјанин не може да објасни како успеал да ја преживее несреќата на „Боингот 787-8 Дримлајнер“, кој се урна само 30 секунди по полетувањето од аеродромот „Сардар Пател“ во градот Ахмедабад, во северозападната индиска држава Гуџарат, во четврток наутро.

Според „Њујорк пост“, 40-годишникот бил пронајден како куца низ остатоците во близина на Медицинскиот студентски дом каде што се урна авионот, при што загинаа сите 242 лица.

.

Во разговор за „Хиндустан тајмс“ од болницата каде што се лекува, Вишваш Кумар Рамеш рече:

„Кога станав, имаше тела околу мене. Бев исплашен. Станав и почнав да трчам. Имаше парчиња од авионот насекаде. Некој ме фати и ме стави во амбулантно возило“.

Единствениот преживеан од летот во кој загинаа повеќе од 200 луѓе го опиша кошмарниот момент кога авионот ја изгубил висината и се урнал во зграда во станбена област на градот со 5 милиони жители. „Само 30 секунди по полетувањето се слушнал гласен шум и авионот се урна. Сè се случило толку брзо.“

„Бевме без зборови кога дознавме дека е во авионот. Последен пат разговаравме утрото пред да замине. Скршени сме“, изјави неговиот брат, 27-годишниот Најан Кумар Рамеш, за Гардијан. Тој рече дека самиот Висшвас му рекол: „Немам поим како излегов од авионот“.

Аџај Валги, друг роднина, изјави за Би-би-си дека 40-годишникот му се јавил на неговото семејство за да им каже дека е жив. Семејството се собрало во Лестер, Англија, чекајќи вести за неговиот брат Рамеш, кој исто така бил во авионот.

Останува непознато како преживеал

Рамеш, 40, е оженет и има едно дете. Роден е во Индија и живее во Велика Британија во последните неколку години. Останува непознато како преживеал, а експертите велат дека нема сигурни докази што ја поврзуваат локацијата во авионот со веројатноста за преживување.

Се забележува дека првично, началникот на полицијата во Ахмедабад изјавил дека сите патници се претпоставува дека се мртви, заедно со неколку цивили на местото на несреќата. Сепак, тој подоцна потврди за Би-би-си дека од местото на несреќата се пронајдени 204 тела.

ВИДЕО| Најмалку 133 лица загинаа во авионска несреќа при полетување во западна Индија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот