Фото: Спас на Дошница / Фејсбук

ВИДЕО | Багерите се повлечени од Кожуф, објавија активистите за спас на Дошница: „Народниот отпор е посилен од секој профит“

Приватната фирма која изнајмувала машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница на Кожуф се повлекла, објавија денеска активистите за спас на Дошница.

„Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, велат од групата „Спас на Дошница“.

„Но, битката не е завршена. Сега гледаме право во очи на ЈЕС ДООЕЛ – Хидро Дошница: Повлечете се, или народот ќе ве повлече! Властите – ако имате грам чест и достоинство, веднаш поништете ја оваа срамна дозвола! Државата не е ваша приватна играчка, реките не се ваша стока, а народот не е ваше робје. НИЕ НЕ СЕ ТРГНУВАМЕ, НИТУ ОТСТАПУВАМЕ. Ќе стоиме ДО КРАЈ, со глас, со тело и со срце! Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа!“, велат активистите во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот