фото: ДПА

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Автомобил влета во група луѓе на божиќниот пазар во Магдебург – најмалку 11 мртви

Најмалку 11 луѓе загинале, а повеќе од 60 се повредени откако возач на автомобил влетал во толпа на божиќен базар во германскиот град Магдебург.

Портпаролот на регионалната влада Матијас Шупе и портпаролот на градот Мајкл Реиф изјавија дека се сомневаат дека станува збор за напад,  јави германската новинска агенција ДПА.

Весникот Фолкштиме пишува дека некои од повредените се во критична состојба.

Магдебург, кој е западно од Берлин, е главен град на покраината Саксонија-Анхалт и има околу 240.000 жители.

На 19 декември 2016 година во Берлин, исламски екстремистички напаѓач со камион влета во толпа посетители на божиќниот базар, при што загинаа 13 луѓе, а десетици беа повредени. Напаѓачот беше убиен неколку дена подоцна во престрелка во Италија.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер кон крајот на минатиот месец изјави дека нема конкретни индикации за опасност за божиќните пазари оваа година, но дека е мудро да се биде внимателен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот