ВИДЕО| Австралијанец снимил прегазени полицајци, па завршил во затвор

Судијата за време на изрекувањето на пресудата рекол дека однесувањето на Ричард Пази било „нечувствително и за осуда“.

На 10 месеци затвор денес судот во Мелбурн (Австралија) го осуди Ричард Пази кој со телефон снимил сообраќајка во која загинале четворица полицајци.

Полициска патрола го ззапрела возилото „порше“ кое го возел Пази. Додека полицајците одлучувале дали да го запленат возило, на патролата наишол камион.

Пази, кој ја избегна несреќата бидејќи се сокрил покрај патот, не им помогнал на полицајците, туку со телефон ја снимил трагедијата.

Судијата за време на изрекувањето на пресудата рекол дека однесувањето на Пази било „нечувствително и за осуда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот