Благојче Атанасовски, политиколог
Благојче Атанасовски, политиколог / Утрински брифинг

ВИДЕО | Атанасовски: Длабоката држава не е заинтересирана Македонија да влезе во ЕУ

Постои ли длабока држава во Македонија? Како македонската јавност реагира во однос на конфликтот во Украина?

-Од првиот ден кога започна агресијата на Русија врз територијалниот интегритет на Украина, бев иритиран од злорадосното реагирање на Македонци кои ги поврзуваа состојбите со украинскиот и македонскиот народ, вели за Утрински брифинг аналитичарот Благојче Атанасовски, политиколог.

Атанасоски ја истакнува изјавата на Путин дека Украинсците се вештачка творба како народ, што е израз кој и ние често го слушаме за нас. Тој вели дека нашата фрустрација од односите со ЕУ не смее да се рефлектира со негативен став кон украинскиот народ.

-Напротив ние треба да бидеме сочувствителни со Украинците оти и ние имаме доживеано да бидеме окупирани од соседна земја, Бугарија, вели Атанасовски.

Атанасовски смета дека длабока држава е поширок комплот од групации од различни општествени сфери кои реагираат бурно и создаваат фрустрација секогаш кога Македонија ќе направи исчекор кон почеток на преговорите со Европската унија. Длабоката држава не е заинтересирана Македонија да влезе во ЕУ, туку Македонија да остане дел од српскиот свет, при што мислам на тамошната длабока држава, вели Атанасовски.

-Длабоката држава е партија во партија, нејзини претставници има во сите партии, но сега најмногу се рефлектира преку политичката партија Левица, вели Атанасовски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот