ВИДЕО | Апокалиптични сцени од Суџа: Русите го бомбардираа сопствениот град и ги протераа Украинците

Руското Министерство за одбрана објави дека го вратиле Суџа, најголемиот град во областа Курск, кој беше под контрола на Украинците од август минатата година. Руските трупи моментално се блиску до протерување на украинските сили од нивното последно упориште во областа Курск.

Киев сè уште не ја потврдил веста од Москва, иако тоа е единствениот територијален адут за преговори на Украина, во услови на зголемен притисок од САД да почнат преговори за ставање крај на војната, пишува Си-Ен-Ен.

„За време на офанзивните операции, единиците на армиската група Север ги ослободија населбите Меловој, Подол и Суџа“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Институтот за проучување на војната (ISW) исто така соопшти дека снимките од земјата покажуваат дека руските сили ја зазеле Суџа и напредуваат кон јужниот дел на Заолешенка, населба северозападно од градот.

Во средата, главниот украински генерал, Олександр Сирски, најави натамошни тактичко повлекување на „поповолни позиции“, објаснувајќи дека негов приоритет е „да ги спаси животите на украинските војници“.

„Русија изврши воздушни напади врз сопствената земја, вклучувајќи го и градот Суџа, кој беше речиси целосно уништен“, додаде Сирски.

Повторното преземање на Суџа би претставувало голема симболична победа за Русија. Иако е мал град со население од околу пет илјади луѓе, Судџа е еден од ретките населени градови кои сè уште ги држи Украина.

Рускиот портпарол Дмитриј Песков во четвртокот изјави дека е уверен оти сите делови од областа Курск што ја држи Украина наскоро ќе бидат ослободени.

– Претседателот Владимир Путин рече дека тоа треба да се направи што е можно поскоро. „Ќе биде потребно онолку време колку што е потребно за да се спасат максималниот број животи на нашата војска и цивили, но нема сомнеж дека регионот Курск ќе биде ослободен доста брзо“, одговори Песков на новинарско прашање за тоа колку време ќе биде потребно за да се истуркаат украинските сили од областа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот