
ВИДЕО | Американскиот потпретседател Венс го носеше ковчегот со телото на Чарли Кирк
Медал на слободата ќе му биде доделен постхумно на конзервативниот влијателен активист Чарли Кирк, чие убиство ги шокираше поделените Соединети Американски Држави, каде што политичкото насилство се чини дека повторно се разгорува.
Препорачано
Доналд Трамп го објави доделувањето на медалот на Кирк, повикувајќи на „одговор“ на криминалот, но без „насилство“.
-Кирк „се бореше за ненасилство. Така би сакал луѓето да реагираат – изјави вчера републиканскиот шеф на државата.
Носител на знамето на Трампистичката младина, а сега „маченик“ за американската десница и крајната десница, Чарли Кирк во средата беше застрелан во вратот додека учествуваше на јавен дијалог на универзитетски кампус во Јута, во западниот дел на САД.
Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој го опиша Чарли Кирк како „вистински пријател“, го откажа своето учество на настаните за нападите од 11 септември 2001 година за да се сретне со семејството на жртвата во Јута.
За блискоста на Чарли Кирк со актуелната американска администрација сведочи и видеото што го објави Белата куќа на кое се гледа како потпретседателот Венс учествува во пренесувањето на ковчегот на Кирк пред да се транспортира со владин авион.
Vice President JD Vance carries Charlie Kirk’s coffin after landing back in Charlie’s home of Phoenix Arizona.
Powerful. Beautiful. Somber.
— Benny Johnson (@bennyjohnson) September 11, 2025
Авионот одлетал до Феникс, Аризона, каде што се наоѓа Turning Point USA, младинската организација што починатиот ја ко-основал во 2012 година.
Чарли Кирк одговараше на прашање за насилството со оружје во Соединетите Американски Држави на настан на кампусот на Универзитетот Јута Вали кога се слушна истрел. Тој се струполи, погоден во вратот од куршум за кој се верува дека е испукан од покрив. Толпата се испаничи.
Веста за убиството се прошири како шумски пожар низ Соединетите Американски Држави, каде што политичкото насилство повторно се разгоре во последниве години.
Доналд Трамп беше цел на два обиди за атентат за време на минатогодишната изборна кампања. Оваа година, Мелиса Хортман, демократска конгресменка во Минесота, и нејзиниот сопруг беа убиени, додека друг локален избран функционер беше сериозно повреден.
Кирк, по потекло од предградие на Чикаго, побожен христијанин, поддржувач на поседувањето оружје, десничарски влијателен човек, татко на две деца, ги напушти студиите за да се посвети на активизмот за републиканците; претседателот Трамп му припиша дел од заслугите за неговата победа во 2024 година, бидејќи мобилизирал млади луѓе за тајкунот.