Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ВИДЕО | Aлегри по победата испрати фудбалер на Јувентус на фризер

Италијански Јувентус одлично ја отвори сезоната во Серија А и во вчерашниот натпревар против Удинезе славеше победа од 3:0 на гостински терен.

Покрај вообичаените прашања на прес-конференција, тренерот Масилијано Алегри доби и едно за фудбалерот Кенан Јилдиз. Италијанскиот стратег му даде шанса на турскиот фудбалер во последните десетина минути, но и му порача дека мора да оди на фризер.

„ „Утре тој мора да оди на бербер и да се истрижи бидејќи вечерва 100 пати си ја поправаше фризурата. Утре оди да си ја скрати косата и така ќе може да се фокусира на фудбалот“, изјави италијанскиот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот