Скопје, 2 април 2021 - Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Ајдари за „Слободен печат“: Протестиравме мирно за да се случи европска правда во нашата држава

Тукушто заврши протестот за пресудите од судскиот процес „Монструм“, којшто помина мирно и без инциденти.

Според Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во „Монструм” и еден од организаторите, целта на денешниот протест била да се укаже на тоа дека правосудниот систем е неправеден и дека е со двојни стандарди.

– Ние бараме да се ослободат неправедно осудените, а бараме и да се покрене постапка и за полицајците коишто ги провоцираа демонстрантите на претходните протести. Исто така, бараме од меѓународниот фактор да избриши притисок, сѐ со цел да се случи европска правда во нашата држава, изјави Бедри Ајдари за „Слободен печат“.

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Судот на 23 февруари годинава во повторената постапка ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години одреди за Фејзи Азири и единствена казна затвор од девет години за Хаки Азири.

Ова е втор протест откако Судот ги објави пресудите за петмината обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. На претходниот протест, дел од демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит-пазар при што беа повредени 11 полицајци, а беше нападната и новинарска екипа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот