
Вежбата „Запад 2025“ вклучува распоредување на хиперсоничната ракета „Орешник“.
Заедничките воени вежби на Русија и Белорусија „Запад 2025“ вклучуваа планирање на употреба на тактичко нуклеарно оружје и распоредување на хиперсоничната ракета „Орешник“, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на белоруската армија.
Препорачано
Како дел од вежбите во Баренцовото Море, руската морнарица испали ракета „Калибар“ од нуклеарно способната подморница „Архангелск“.
Вежбите „Запад 2025“ започнаа во петок.

EPA/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS
Тие се одржуваат на полигоните за обука на двете земји, како и во водите на Балтичкото и Баренцовото Море.
На вежбите учествуваат претставници на 23 земји, вклучувајќи три членки на НАТО – САД, Турција и Унгарија.
Практичните дејствија на војниците на полигонот во близина на Борисов ги следат 17 воено-дипломатски мисии на странски земји од Азербејџан, Унгарија, Виетнам, Иран, Казахстан, Кина, Куба, Русија, Србија, САД, Судан, Туркменистан, Турција, Замбија, Зимбабве, Перу, Индонезија.