EPA/CRISTIAN HERNANDEZ

Венецуела се подготвува за вонредна состојба

Венецуелската потпретседателка Делси Родригез предупреди дека земјата би можела да прогласи вонредна состојба доколку има американски воен напад, нагласувајќи ги „катастрофалните“ последици што би можел да ги има таков напад.

Во последните недели, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми притисокот врз Венецуела, распоредувајќи поморски сили во Карипското Море и извршувајќи воздушни напади врз венецуелски бродови, во кои загинаа најмалку 17 лица, објавува „Гардијан“.

САД велат дека нападите се дел од поширока офанзива против латиноамериканските нарко-картели кои шверцуваат кокаин и фентанил во САД.

Сепак, многу аналитичари веруваат дека нападите би можеле да бидат вовед во поширока воена интервенција насочена кон ставање крај на владеењето на претседателот Николас Мадуро, кој е на власт во Венецуела повеќе од 12 години.

Родригез, кој е еден од најблиските сојузници на Мадуро, ги обвини САД дека користат „голема лага“ тврдејќи дека нивните напади се фокусирани на борба против трговијата со дрога.

Според неа, вистинската цел на американскиот напад е да се запленат природните ресурси на Венецуела, вклучувајќи нафта, гас, злато и минерали, кои се од големо значење за глобалната економија.

Родригез, исто така, нагласи дека американската влада води „воена политика“ насочена кон сите земји, особено кон Венецуела.

Во случај на напад, Родригез објасни дека на Мадуро ќе му бидат дадени посебни овластувања да прогласи вонредна состојба, што би овозможило мобилизација на вооружените сили, затворање на границите и ставање на клучната инфраструктура под воена контрола.

„Никогаш нема да ја предадеме нашата татковина – никогаш“, нагласи Родригез.

Ен-би-си Њуз објави во петокот дека американските воени претставници разгледуваат опции за таргетирање на трговците со дрога во Венецуела, вклучително и можни напади со беспилотни летала во наредните недели.

Фил Гансон, аналитичар од Кризната група со седиште во Каракас, смета дека е малку веројатно САД да ја нападнат или окупираат Венецуела, пренесува Танјуг.

Сепак, Гансон нагласува дека ракетните или бомбашките напади врз воените објекти или клучната инфраструктура би можеле да станат реалност, додека целата ситуација би можела да се претстави како борба против трговијата со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот