Доналд Трамп и венецуалскиот претседател Николас Мадуро - Извор - X

Венецуела меѓу санкции и интервенција: Дали САД ќе го притиснат копчето за акција?

Конфликтот меѓу САД и Венецуела прераснува во дипломатска воено-стратешка пресметка. Она што до неодамна изгледаше како реторички судир меѓу Вашингтон и Каракас, денес веќе добива форма на можен директен вооружен судир.

Комбинацијата од економски санкции, воени закани и геополитички интереси го отвора прашањето: дали станува збор за борба против криминал и корупција или за уште еден пример на американски интервенционизам во Латинска Америка?

Пентагон ја менува играта

По години на економски и дипломатски притисок, администрацијата на Доналд Трамп преминува кон отворени воени закани кон Николас Мадуро. САД објавија награда од 50 милиони долари за негово апсење или елиминација, а на Карибите испратија воени бродови и маринци, наведува Н1.

Новата стратегија, која му дава на Пентагон улога што дотогаш ја имаа специјалните агенции, предвидува „брзи и ограничени операции“ насочени кон картелите и воените структури на Каракас. Но, ризикот е голем: вакви акции можат лесно да предизвикаат регионална експлозија.

Каракас меѓу обвинувања и деманти

Венецуелската влада категорично ги негира американските тврдења дека е „нарко-држава“. Наместо тоа, Каракас посочува на статистики од запленети наркотици, уништени авиони и покренати обвиненија, презентирајќи се како активен борец против организираниот криминал. Вашингтон, пак, одговара со разузнавачки информации кои директно ги инкриминираат врвните функционери на Мадуро, пишува порталот Оружјеонлајн. Ситуацијата се претвора во судир на наративи, каде што легитимитетот на едната страна е оспорен од другата.

EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Геополитичките ризици и кинескиот фактор

Покрај економските санкции и блокади, сценариото се комплицира со растечкото влијание на Кина и поддршката од Русија. Венецуела добива кредити, инвестиции и воена соработка што ѝ овозможуваат да се спротивстави на американскиот притисок.

Потенцијална интервенција на САД не би била само пресметка со Каракас, туку и порака до Пекинг и Москва дека Латинска Америка останува „воен двор“ на Вашингтон. Токму ова ја прави кризата уште поопасна за глобалната стабилност и енергетските пазари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот