Фото: Вело училишта

„Вело родео“ се одржа во Пехчево

Во дворот на основното училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево денеска се одржа настанот „Вело родео“, со кој децата преку радост и позитивна енергија учат за важноста на одржливиот начин на живот и заштитата на животната средина.

Настанот го реализираше платформата „Вело училишта“, со поддршка и финансиска помош од Општина Пехчево, како дел од програмата за култура, спорт и образование

Според организаторите, целта е најмладите и нивните семејства да го доживеат велосипедот како еколошка, здрава и забавна алтернатива за секојдневна мобилност.

„Со „Вело родео“ сакаме да покажеме дека велосипедот не е само играчка, туку и најеколошко превозно средство.Детската радост и нивната вклученост денеска потврдуваат дека иднината на одржливиот транспорт почнува од најмладите“, изјавија од „Вело училишта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот