
Велика Британија и 12 сојузници со заедничко предупредување за кинески кибернапади
Бизнисите и организациите во Велика Британија кои работат во критични сектори се предупредени да се заштитат од кинески хакери, отакако три кинески технолошки компании се обвинети за поврзаност со глобални кибернапади.
Препорачано
Националниот центар за кибербезбедност (NCSC), кој е дел од британската разузнавачка агенција GCHQ, е меѓу безбедносните тела од 13 земји кои издадоа предупредувања дека организациите во клучните сектори треба „проактивно да бараат“ активности на кинеските хакери и да ги поправат слабостите.
Властите велат дека напаѓачите кои стојат зад кампањата насочена кон странски влади и клучни услуги, вклучително и телекомуникациите, ги искористиле познатите пропусти, наместо да користат малициозен софтвер или претходно неоткриени слабости.
Безбедносното известување издадено денеска именуваше три кинески технолошки компании за кои се тврди дека обезбедуваат услуги поврзани со киберпростор за кинеската државна разузнавачка служба, пренесе ДПА.
Се вели дека тие се поврзани со глобални активности кои од 2021 година се насочени кон влади, телекомуникации, транспортна и воена инфраструктура, вклучувајќи и „активност во Велика Британија“.
Ова вклучува и напади наречени Salt Typhoon, за кои американските власти рекоа дека му овозможиле на Пекинг пристап до приватни пораки и телефонски разговори на непознат број Американци.
Главниот извршен директор на NCSC, Ричард Хорн, рече: „
– Длабоко сме загрижени од неодговорното однесување на именуваните комерцијални субјекти со седиште во Кина, кое овозможи неконтролирана кампања на малициозни киберактивности на глобално ниво, изјави главниот извршен директор на NCSC, Ричард Хорн“.
– Клучно е организациите во целните критични сектори да го послушаат ова меѓународно предупредување за заканата што ја претставуваат кибер-актерите, кои ги искористуваат јавно познатите – и со тоа поправливи – пропусти, додаде тој.
Предупредувањето е издадено од 13 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Нов Зеланд, САД, Велика Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Финска и Естонија. Ова заедничко соопштение ја нагласува сериозноста на заканата и потребата од меѓународна соработка за борба против кибернападите.