Фото Архива

„Вегета“ и „Аргета“ заедно во САД и Австрија

„Атлантик Груп“ и „Подравка“ се договорија да соработуваат за извоз на нивните брендови на пазарите во Соединетите Американски Држави и Австрија.

Двете водечки хрватски производствени компании воведоа единствена практика на меѓусебна извозна поддршка, што подразбира дека дистрибутивната компанија на Атлантик во Австрија ќе обезбеди поддршка за пласман на производите на Подравка на австрискиот пазар, а во исто време Подравка ќе ги пласира производите на Атлантик на Американскиот пазар преку својата компанија во САД.

Посочуваат дека целта на соработката е да се максимизираат меѓусебните синергии преку зајакнување на пласманот на производите на двете компании и подигање на препознатливоста на нивните брендови, користејќи ја развиената деловна мрежа и пазарните позиции кои Атлантик и Подравка ги наследуваат на овие пазари, пишува Вечерњи лист хр.

Среќко Накиќ, потпретседател за дистрибуција на Атлантик, смета дека новата соработка ќе им донесе околу 6 милиони евра приход во Австрија во првата цела година, со значителен раст во следните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот