Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Вечерва се враќа Лигата на шампионите: Мадридското дерби во центарот на вниманието во осминафиналето

Денеска и утре на програмата во Лигата на шампионите се осминафиналните натпревари, а најголемото дерби од денешните средби е дуелот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико кој се игра од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид првиот дел од натпреварувањето го заврши на 11. место и помеѓу најдобрите осум стигнаа ппреку плеј-офот. Атлетико Мадрид од друга страна беше петти и не играше дополнителни два натпревари.

Aтлетико го дочекува натпреварот во подобра форма бидејќи „кралевите“ на последните пет натпревари во Ла Лига имаат само една победа и по две реми и два порази. Со тоа дозволија Барселона и Атлетико да ги прескокнат на табелата. Реал е трет со 54, Атлетико има 56, Барселона 57.

Исто така Атлетико оваа сезона игра добро во големите натпревари и не изгуби од Реал или Барселона, „јорганџиите“ се во четири натпревари во низа без пораз против градскиот ривал.

Oсвен мадридското дерби вечерва се играат уште три натпревари и тоа: ПСВ – Арсенал и Борусија Дортмунд – Лил од 21:00 часот и Клуб Бриж – Астон Вила од 18:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот