Фото; Промо

Вечерва почнува 31. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“

Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“ спаѓа во редот на најстарите во земјава е и единствениот што ги надмина, нашите, регионалните и европските граници, со видливост од над 200 милиони гледачи и 200 часа директен пренос, на дваесетина телевизии и музички канали.

Во фестивалските анали стои и дека пејачи од 37 земји од Европа и светот на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ имаат изведено околу две илјади музички нумери. Медиа архивата содржи 4100 информации во весниците, како и над 3800 радио и телевизиски извештаи. Фестивалските изданија во просек реализираат по околу 200 часови директен пренос од петнаесетина балкански телевизии, меѓу кои и оние специјализирани за музика, како „Пајнер“ и „Фен“ од Бугарија. Од година во година се зголемува и збогатува комуникацискиот мозаик во кој „Охрид Фест – Охридски трубадури“ го наоѓа своето место. Преносите кои ги емитуваше Македонската радио телевизија преку сателитската програма можеа да ги следат и гледачите од Америка, Австралија, Азија и Европа.

Што се однесува до ова издание, не очекува одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на нашите докажани имиња, гости од странство, ѕвездите од екс -ју но и многу млади пејачи.

Традиционално фестивалот ќе започне со Фолк вечер низ која ќе води шармантната Ирена Спировска и каде покрај докажаните Благоја Грујовски, Катерина Танева, Благица Павловска, Петар Нечовски, Милица Кузмановска, група „Биоритам“.., шанса за убав старт ќе имаат и нови музички надежи. Интернационалната вечер е резервирана за поп- музиката и младите но и за етаблирани имиња од Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Бугарија…

На фестивалот ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Срѓан Марјановиќ, Брано Ликиќ, Тони Мишел… Охрид- фест ги подржува младите но е познат и како фестивал кој има долга меморија и ги почитува уметниците кои оставиле трага во музиката, не го заборава квалитетот на уметниците кои за адутот го имаат траењето. Во тој контекст, за безвременска песна е прогласена „Одисеја“ што маестрално ја пее Лео Мартин, композиција која го издржа тестот на времето од 1973 година.

Дојдете на 30 и 31 август 2024 година на сцената Долни Сарај во Охрид на уште едно незаборавно издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, велат организаторите.

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот