Васил Јованов пресуда за прегазената Фросина Кулакова / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

ВИДЕО | Васил Јованов осуден на 12 години затвор – таткото на загинатата Фросина го нарече судот мафија

Возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова во центарот на Скопје е осуден на 12 години затвор.

Тој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за што е предвидена казна затвор од најмалку четири години до максимум 20 години затвор.

„Судот е мафија“, извика таткото на Фросина, Тодор Кулаков.

Судијката Снежана Марковска ги кажа отежнувачките околности за Јованов, прекршоците во сообраќајот што ги направил како возач претходно и пак седнал на возачкото седиште и ваквото однесување го оцени како дрско и безобѕирно. Како олеснителни околности го цени тоа што обвинетиот изрази каење, чувство на вина, тоа што е млад, ја прифати одговорноста и изрази жалење.

Пресудата ја слушна семејството Кулакови, но и родителите на Јованов.

Јованов во јануари без возачка дозвола под дејство на алкохол, со брзина од 90 километри на час удрил во Фросина на обележан пешачки премин. Кулакова почина на лице место.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!