фото Архива

Вашингтон со санкции за повеќе физички и правни лица поради соработка со Иран

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за девет физички и едно правно лице кои се поврзани со Иран, соопшти американското Министерство за финансии.

„Ројтерс“ се повикува на соопштение кое е објавено на официјалната интернет-страница на Министерството, но засега нема детали за кои лица станува збор.

Новите санкции се воведени на 40 години од упадот во зградата на американската дипломатска мисија во иранската престолнина Техеран.

По повод на овој настан, денес повеќе од илјада Иранци излегоа на улиците, во близина на зградата на амбасадата на САД во Техеран, извикувајќи „смрт за Америка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот