Оливер Вархеји
Оливер Вархеји / EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Вархеји: Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан веднаш го ставивме во функција

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска му се заблагодари на Европскиот парламент за вчерашната одлука за усвојување на Регулативата за создавање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.

– Благодарност од Европскиот парламент за многу добрата соработка што доведе до усвојување на средствата за реформи и раст од шест милијарди евра, наведе Вархеји во објава на Икс.

Тој натаму посочува дека оваа претставува избалансиран договор за досега невидениот инструмент што ќе му помогне на Западниот Балкан „да расте побрзо и да се подготви за членство во ЕУ“

– Веднаш го ставивме во функција, додаде Вархеји во објавата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европскиот парламент вчера со 517 гласови „за“, 56 „против“ и 30 „воздржани“ го поддржа усвојувањето на Регулативата за создавање на Механизам за реформи и раст на Западниот Балкан, кој претставува финансиски инструмент за имплементација на Планот за раст на регионот.

Планот за раст на Западниот Балкан треба да се обезбеди економско зајакнување на земјите од регионот, поттикнување на нивните внатрешни реформи и привлекување на инвестиции, со што тие многу брзо ќе ги почувствуваат придобивките од приближувањето кон ЕУ, а во исто време може да доведе и до двојно зголемување на нивните економии во следните 10 години.

Во рамки на Механизмот за периодот од 2024 до 2027 година за земјите од Западниот Балкан се предвидени шест милијарди евра, од кои две милијарди евра неповратни грантови и четири милијарди евра позајмици под поволни услови. Од вкупната сума најмалку 800 милиони евра ќе бидат предвидени за Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот