Фото: МИА

Варгас: Мафијата од Балканот е главен сојузник на кланот Голфо

Шефот на колумбиската полиција Хорхе Луис Варгас изјави дека еден од петте главни сојузници на наркокартелот Клан дел Голфо е балканската мафија.

Тој наведе дека дрогата од Колумбија и од Централна Америка со бродски контејнери е транспортирана до Холандија и до Шпанија, а потоа по копно до Балканот.

– Ова злосторничка организација има пет главни сојузници за шверц на кокаин ширум светот. Во Мексико сојузници и се картелите Јелиско Нуева Генерасион и Синалоа, во Европа калабриската и сицилијанската мафија и мрежите за трговија со дрога на Балканот, изјави Варгас.

Водачот на Клан дел Голфо, Дарио Усуга познат како Отонијел е уапсен на 24 октомври во северозападна Колумбија и набрзо треба да биде екстрадиран во САД.

Отонијел се смета за еден од најопасните светски дилери, а Клан дел Голфо брои околу 3.500 луѓе, според официјалните податоци на колумбиската полиција.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот