Фото: РК Вардар

Вардар врати поранешен ракометар како замена за Михаил Аларов

Македонскиот ракометен клуб Вардар го најави новото засилување за следната сезона. По пауза од неколку сезони, дресот на „црвено-црните“ повторно ќе го облече пивотменот Кристијан Анастасовски.

Атанасовски кој има 29 години се враќа во клубот како замена за Михаил Аларов кој ќе си замине од редовите на Вардар.  Сезонава Атанасовски зад себе има одлични настапи во дресот на Тиквеш и како што информираат од Вардар тоа било пресудно да одлучат да го вратат.

„Чест и задоволство е да бидам дел од клуб каков што е Вардар. Таму ги почнав моите ракометни почетоци и среќен сум што сега повторно се враќам. Вардар е европски клуб со големи успеси зад себе. Се надевам дека заедно ќе имаме уште многу победи и успеси“, изјави Анастасовски.

Покрај за Вардар, Анастасовски има настапувано и за Работнички, Охрид, францускиот Анже и косовскиот Кастриоти. Исто така, беше дел и од младинската репрезентација на Македонија која настапи на ЕП 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!