
Вардар без проблеми до победа во Битола против Еурофарм Пелистер 2
Екипта на Вардар, без поголеми проблеми ја забележа втората победа во новата сезона од Суперлигата, откако денеска славеше на гостувањето во Битола против вториот тим на Еурофарм Пелистер со убедливи 34-19.
Препорачано
„Црвено-црните“ мечот го решија уште во првото полувреме, кое го добија со 18-7, по што продолжението повеќе наликуваше на сериозен тренинг отколку на натпревар од домашниот шампионат. Со оваа победа, Вардар ја прекина импресивната серија на Еурофарм Пелистер 2 од 25 натпревари без пораз, серија која започна минатата сезона во Првата лига и продолжи со триумф во првото коло оваа година.
Боно беше најпрецизен во редовите на Вардар со шест погодоци, а уште петмина играчи се запишаа со по четири гола. Кај битолчани, Белистојановски беше најрасположен со пет погодоци.
Во вториот натпревар од денешната програма, екипата на Прилеп во вистински трилер успеа да го совлада Куманово со 33-32 и да стигне до важни бодови на домашен терен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
52мин
-
1час
-
1час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5