Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Ванковска упатува апел до Силјановска-Давкова „да го дигне гласот во име на Палестина“
„Ви се обраќам како професорка на професорка, жена на жена, мајка на мајка, баба на баба“, пишува Ванковска, тврдејќи дека „мнозинството во Македонија разликува Добро од Зло“ и очекува институциите да реагираат.
Писмото, објавено додека претседателката присуствува на Струшките вечери на поезијата, се осврнува и на улогата на уметноста во време на војна. Повикувајќи се на Теодор Адорно и сведоштвата на палестински поети, Ванковска наведува: „Во овој најтемен момент на човештвото, поезијата е чин на отпор… ‘Ако јас морам да умрам/ти мораш да живееш/за да ја раскажеш мојата приказна’“, цитирајќи го Рефаат Алареер.
Препорачано
Во центарот на критиката е, како што вели, „тишината на официјална Македонија“. „Зошто, тогаш, молк? Или општи фрази за ‘мирот во светот’… Интелектуалка, професорка, хуманистка и претседателка (во женски род),“ пишува Ванковска, додавајќи дека Парламентот „одбил да изгласа хуманитарна помош за децата во Газа“.
Таа смета дека државата има правна и морална обврска по Конвенцијата за геноцид, оценувајќи: „Не само што молчи, туку и соучествува во злосторот со нечинење.“
Ванковска ѝ предлага на претседателката да иницира консултации за надворешната политика и да поддржи почекорни потези: признавање на Палестина, приклучување кон меѓународни правни постапки и воведување мерки во духот на „вредносната политика“.
„Знаете ли дека три четвртини од членките на ООН ја имаат признато Палестина?… Вие сте (или треба да бидете) морален авторитет,“ наведува таа, повикувајќи се и на примери од регионот и ЕУ.
Во финалето на писмото, Ванковска упатува апел до Силјановска-Давкова „да го дигне гласот во име на Палестина“ од меѓународните говорници. „Нашиот народ сочувствува, тагува, станува гневен пред неправдата… Очекуваме нашите политички претставници да бидат нашиот глас,“ заклучува професорката.
До затворањето на текстот, од Кабинетот на претседателката не беше објавена реакција. Ако следува, ќе биде пренесена дополнително.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
22мин
-
26мин
-
30мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5