В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити

Жителите на Аеродром и станарите на Џевахир Скај Сити комплексот, овој празничен викенд ќе можат од своите домови да уживаат во музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff.

Музичкиот хепенинг на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир, ќе се одржи во недела, 3 мај, со почеток во 18.45 часот.

Но истовремено, во овој настан кој е во организација на Општина Аеродром и Џевахир Скај Сити, ќе можат да уживаат и сите жители на Скопје кои ќе имаат можност да го следат лајфстрим преносот преку Фејсбук страницата на Општина Аеродром.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го лајфстрим преносот во својот дом, да се приклучат на хепенингот и на овој начин, иако одвоени, сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот