Јајца пред Велигден - Фото / Слободен печат / Драган Митрески

Увозот на јајца во Хрватска експлодираше, домашните производители пропаѓаат

Увозот на украински јајца во Хрватска речиси експлодираше. Бројките оваа година се веќе повисоки од целата претходна година. Додека домашните производители се на нозе и тврдат дека хрватското производство на јајца ќе страда како резултат на тоа, надлежното Министерство тврди дека увезените јајца само се преработуваат тука и се испраќаат понатаму.

Увозот на јајца од Украина во Хрватска доживеа остар скок оваа година, а бројките веќе го надминуваат целиот износ од минатата година. Податоците покажуваат дека дури 90 проценти од увезените јајца доаѓаат од Украина, што предизвика силен бран незадоволство кај домашните производители кои тврдат дека хрватското производство е сериозно загрозено.

„Откако се приклучивме на ЕУ, се прават напори систематски да се уништи домашното производство, да се ослободи просторот за увозното лоби за да може да увезува јајца“, изјави за Нова ТВ, Маријан Лукач, сопственик на компанија специјализирана за одгледување кокошки несилки.

И додека домашните земјоделци предупредуваат на економски притисок и можни последици за одржливоста на домашното производство, Министерството за земјоделство испраќа поинаква порака. Тие тврдат дека повеќето јајца од Украина не остануваат во Хрватска, туку се користат за преработка, а потоа се извезуваат во земјите од ЕУ, пренесува Н1 Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот