Ладно време / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Утрово само во Гевгелија над нулата

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Најниска температура од минус 10 степени Целзиусови е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерен 1 степен Целзиусов.

На Попова Шапка е измерена температура од минус 8 степени Целзиусови, минус 7 во Крива Паланка, Битола и Маврови Анови,минус 6 во Скопје-Петровец, Крушево, Тетово, и Прилеп, минус 5 во Велес, Демир Капија, Охрид и Претор, минус 4 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница и Куманово, а минус 3 степени Целзиусови во Кавадарци.

Според извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа дожд врнело во Битола, Маврови Анови, Крушево и Тополчани, но секаде наврнатиот воден талог е понизок од еден литар на квадратен метар.

Од УХМР најавуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот