Фото: Википедија

Усвоени измените за исплата на плати на вработените во јавните ученички и студентски домови

Владата синоќа на седницата ги разгледа и усвои Предлог законите за дополнување и изменување на законите за ученички и студентски стандард, со кои ќе овозможи да се доделат средства за исплата на плати на вработените во овие домови, во услови на вонредни ковид-19 околности од страна на Министерството за образование и наука.

-Двата предлог-закони одделно се однесуваат на измени со кои се регулира доделувањето на средства на јавните ученички домови и на државните студентски домови за исплата на плати на вработените во овие домови во услови на вонредни КОВИД-19 околности од страна на Министерството за образование и наука, соопшти Владата.

Платите на вработените во јавните ученички и студентски домови се финансираат преку партиципацијата која домовите ја добиваат по сместен студент или ученик.

Од Владата потсетуваат дека голем дел од студентите и учениците немаат потреба од сместување во ученичките и студентски домови и се намалија и приходите на јавните ученички и студентски домови, со што се загрозува нивното секојдневно работење и можноста да се исплатат платите на вработените поради недостиг на средства.

-Со прогласувањето на епидемијата заради вирусот КОВИД-19, голем дел од високообразовните установи и средните училишта организираа онлајн настава, заради што голем дел од студентите и учениците немаат потреба од сместување во ученичките и студентски домови и се намалија и приходите на јавните ученички и студентски домови со што се загрозува нивното секојдневно работење и можноста да се исплатат платите на вработените поради недостиг на средства, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот