Директорот на Агенција за управување со одземен имот Дритон Небиу и министерот за правда Кренар Лога/Фото: Фејбук

Усвоен законот за конфискација на имот, уредени процедурите и постапките, а ќе се конфискуваат и дивоградби

Тоа што не постигнаа да го реализират за две децении ние ја реализиравме за 1 година, се пофали директорот на Агенцијата за управување со одземен имот откако денеска во Собранието пратениците го изгласаа Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

-Донесувањето на новиот Закон односно, еднатретина измени и дополнување на Законот, е резултат на потребата за унапредување на законските одредби како резултат на утврдените недоследности и проблеми во практиката од страна на вработените во Агенцијата за управување со одземениот имот- мојот тим, кои несебично заедно со мене дадоа свој придонес од првиот ден на моето именување. Голема благодарност до Министерот за правда Кренар Лога кој даде огромна поддршка за Законот, Владата на Република Северна Македонија и до работната група која професионално и детално работеше активно. Со донесување на Законот, сметаме дека ќе биде решен огромен државен децениски проблем произлезен од илјадниците стари возила кои се распространети ширум територијата во нашата земја, нагласува Небиу.

Тој појасни дека најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист, промени на недоволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кои е отворена стечајна постапка како и конфискација на дивоградбите.

Новиот законски текст ги уредува и прашањата поврзани со заложно право над конфискуваниот имот, прашањата поврзани со проценката, продажбата на имотот, а содржи и терминолошко унапредување, унапредување на одредбите за социјално повторно користење (social reuse) на привремено одземениот имот, трајно одземениот имот и конфискуваниот имот.

Со законот се воведува Регистар, a воедно предвидено е Агенцијата да задржува 7 проценти од вредноста на остварениот приход од секоја продажба на одземените предмети и конфискуваниот имот од страна на Агенцијата, со цел за ефикасен менаџмент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот