Службени возила/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Уште летово сите службени автомобили ќе бидат обележани, вели Томовски

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во вечерашното гостување на ТВ „21“ изјави дека „во рамките на Владата е формирана работна група којашто работела на изработка на правилник за специјални таблички „во боја“.

-Во рамките на Владата формиравме една работна група којашто работеше на изработка на правилник за специјални таблици, таблици во боја. Тој правилник го изработивме, го дадовме на контрола во Секретаријат на законодавство, го потпиша министерот за внатрешни работи и го изгласавме на владина седница тој е практично во сила. Она што требаше да се направи е министерството за внатрешни работи да објави тендер за набавка на соодветните бои бидејќи ги немаат, вели Томовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот