Роднините на киднапираните Израелци со бродот Флотила 50 се упати кон Газа/Фото: EPA/ABIR SULTAN

Уште 21 брод плови кон Газа, израелската војска вели дека приведените активисти ќе бидат депортирани во Европа

Хуманитарната флотила „Сумуд“, која се упати кон Газа со повеќе од 40 бродови, беше пресретната од израелски војници. Тие се качија на бродовите што се приближуваа кон енклавата, а организаторите на мисијата подоцна објавија видеа од нападот и апсењето на активистите.

Повеќе од 500 пратеници, адвокати и активисти се обидоа да стигнат до Појасот Газа за да достават храна и лекови во областа, бидејќи луѓето таму се соочуваат со хуманитарна криза, покрај секојдневното израелско бомбардирање.

Израелците ја започнаа операцијата кога флотилата беше на околу 90 наутички милји од енклавата. Досега се пресретнати најмалку 20 брода, а 24 сè уште пловат кон Газа.

Израелската влада, која го нарече обидот на флотилата да транспортира хуманитарна помош во Газа, разорената од војна, „провокација“, објави дека „Грета и нејзините пријатели се безбедни и здрави“.

Покрај шведската климатска активистка Грета Тунберг, беше објавено дека на бродот што се упатува кон Газа е приведен и студент од Србија, Огњен Марковиќ, кој штотуку објави видео клип.

По овој потег на израелските војници следуваа бројни реакции од светот, а низ цела Европа се одржаа протести, а Турција рече дека нападот врз хуманитарната флотила е терористички чин а активистите ќе бидат депортирани кон Европа, пишува N1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот