Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков/Јегор Алеев/Фото агенција ТАСС

Ушаков: Руската делегација во Истанбул ќе разговара за технички прашања

Составот на руската делегација што ќе учествува на разговорите во Истанбул ќе биде одреден врз основа на голем број прашања за кои би се разговарало вечерва на средбата на рускиот државен врв, изјави советникот за надворешна политика на претседателот, Јуриј Ушаков.

„Делегацијата ќе разговара и за политички и за бројни технички прашања“, рече Ушаков, пренесе ТАСС.

Тој нагласи дека врз основа на овие теми ќе биде одреден конечниот состав на делегацијата.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предложи Украина да ги продолжи директните разговори без предуслови во Истанбул на 15 мај.

Тој нагласи дека не исклучува постигнување на вистински прекин на огнот кој Киев ќе го почитува.

Зеленски на мировната иницијатива на Путин одговори со ултиматум. За потсетување Зеленски побара Москва да се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 30 дена од 12 мај, нагласувајќи дека дури тогаш Киев ќе седне на преговарачка маса, пренесува руската агенција.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина веднаш да се согласи со предлогот на Москва, Зеленски рече дека ќе го чека рускиот претседател во Турција во четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот