Денари
Денари / Фото: МИА

УПОЗ бара зголемување на платите за 30 отсто во Агенцијата за администрација

Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Агенцијата за администрација побараа итно зголемување на платите за 30 проценти на вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување. Во спротивно, најавуваат прекин на работниот процес.

Синдикатите предупредуваат дека 80 проценти од вработените во Агенцијата имаат плати пониски од просечната државна плата, а состојбата е дополнително отежната поради секојдневни институционални, политички и административни притисоци.

– Токму овие вработени ја спроведуваат постапката за вработување во јавниот сектор, во услови на кратки рокови и огромен обем на работа. Само заклучно со 9 јули 2025 година се објавени 730 огласи за вработување, што е највисока бројка од основањето на Агенцијата – се вели во соопштението.

Според синдикатите, ваквата состојба негативно се одразува врз менталното и физичкото здравје на вработените, особено во периоди пред избори, кога се работи под зголемен притисок.

Дополнително алармираат дека одливот на кадар е сè поголем, не се одобруваат средства за унапредувања и нови вработувања, а постојните вработени се преоптоварени и демотивирани.

– Доколку не се преземат итни мерки за подобрување на состојбата, ќе се пристапи кон прекин на работата во знак на протест – порачаа од Синдикатот на УПОЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот