УНХЦР Фото МИА

УНХЦР го намалува буџетот за 2026 година

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), според денеска објавениот нацрт-буџетот за 2026 година, планира да го намали буџет за речиси една петтина поради „финансиски ограничувања“.

УНХЦР за 2026 година има буџет од 8,5 милијарди долари, што е за 1,7 милијарди долари помалку од буџетот за тековната година (10,2 милијарди долари). Поради намалениот буџет УНХЦР планира затворање на канцеларијата во Јужна Африка и да укине речиси 4.000 работни места.

Затворањето на канцеларијата на УНХЦР во Преторија, административниот главен град на Јужна Африка, ќе стапи во сила на 1 октомври, а канцелариите во Источна и Западна Африка ќе ја преземат таа функција. Јужна Африка прими бегалци од Демократска Република Конго и од Мозамбик.

– Веќе  го гледаме влијанието на намаленото финансирање врз различни операции. Ако досега дававме парична помош, таа ќе биде намалена. Здравствената заштита е засегната. Образовните програми се засегнати. Помошта во храна е засегната. Затворањето на регионалната канцеларија се сметаше за најдобра опција за намалување на трошоците и одржување на силно присуство на терен, изјави портпаролката на УНХЦР за Јужна Африка, Дунија Аслам Кан.

УНХЦР очекува бројот на присилно раселени лица и лица без државјанство да се искачи на нов глобален рекорд од 136 милиони следната година, во споредба со 129,9 милиони во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот