Унгарскиот парламент го ратификуваше пристапот на Финска во НАТО

Унгарскиот парламент, во кој доминира десничарската партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, денеска го ратификуваше членството на Финска во НАТО по неколку месеци одложување.

Големо мнозинство од пратениците, 182 гласа „за“ наспроти шест гласа „против“, го одобрија пристапот на нордиската земја во воениот сојуз.

Уште пред еден месец владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека ќе ја поддржи ратификацијата на влезот на Финска и Шведска во НАТО.

Унгарија: Владејачкиот Фидес на Виктор Орбан даде „амин“ за Шведска и Финска да влезат во НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот