Грипен авиони / Фото EPA-EFE/SANDOR UJVARI HUNGARY OUT

Унгарски „Грипени“ пресретнаа руски авиони над Балтикот

Два унгарски ловци „Грипен“ пресретнаа пет руски ловци за време на воздушна патрола на НАТО над Балтичкото Море, соопшти Воздухопловната команда на Алијансата.

„Два унгарски ловци, за време на мисијата на НАТО во Балтикот, полетаа од воздухопловната база Шјауљај во Литванија како одговор на летот на руски Су-30, Су-35 и три МиГ-31 во близина на латвискиот воздушен простор“, се вели во соопштението објавено на платформата X.

НАТО соопшти дека Унгарија со тоа ја покажала својата „посветеност кон Алијансата во одбраната на балтичките држави и нејзиното источно крило“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неодамна изјави дека во случај на какво било кршење на воздушниот простор, вистинската закана за членовите на Алијансата ќе биде внимателно оценета, а одлуките за одговорот ќе се донесуваат од случај до случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот