
Унгарската групацијата 4iG достави писмо со намери за влез на нашиот телекомуникациски пазар
Групацијата 4iG, преку својата подружница „ОНЕ Македонија телекомуникации“, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК и го изрази својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Македонија.
Препорачано
Оттаму велат дека овој чекор преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесе засилена конкуренција во секторот. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.
– Среќни сме што и официјално го започнавме влезот на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија. Го препознавме потенцијалот на пазарот и уверени сме дека нашето искуство во соседните земји, како што се Албанија и Црна Гора, нè позиционира во насока да даваме најсовремени услуги за клиентите и бизнисите овде. Секогаш кога ќе одлучиме да влеземе на нов пазар, од клучно значење е да имаме и поддршка од регулаторната средина и подобро да ги разбереме локалните услови. Ангажиравме домашни и меѓународни експерти за да направат сеопфатна анализа на пазарот во Северна Македонија и сигурни сме дека нашиот пристап ќе донесе додадена вредност во секторо – рече Пал Заранди, директор за мобилни и 5G стратегии во Групацијата 4iG.
4iG, една од најистакнатите унгарски ИКТ и телекомуникациски компании, вработува над 8.000 висококвалификувани професионалци и опслужува над 10 милиони конекции во регионите каде што е присутна. Групацијата е позната по својот иновативен пристап и сигурни решенија. Како компанија е посветена на воведување напредни технологии како што се 5G, IoT и инфраструктура управувана од вештачка интелигенција, што ќе го отвори патот Северна Македонија да стане земја со подобра мрежа и поголема компетитивност, велат од компанијата.
.