Фото: Општина Жорче Петров

Улицата Николај Островски во населбата Даме Груев добива нов асфалт и осветлување

Во населбата Даме Груев во тек е реконструкцијата на една од најголемите улици во овој дел, Николај Островски. Од Општина Ѓорче Петров велат дека се  работи за проект вреден 3,2 милиони денари, кој е дел од стратешките заложби на Општината за подобрување на патиштата и условите за живот на граѓаните.

Во моментот  на улицата се изведуваат градежни работи за поставување нов завршен слој асфалт на коловозот во должина од 600 метри, а паралелно се инсталира нова електрична инфраструктура за поставување улично осветлување.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека реконструкцијата е директен одговор на барањата на граѓаните и е дел од пошироката визија за унапредување на инфраструктурата во Ѓорче Петров.

Оваа улица е една од најважните во населбата Даме Груев, а нејзиното реновирање значително ќе ја подобри безбедноста и квалитетот на движење за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме со реализација на капитални проекти кои носат вистински промени и ја модернизираат општината, изјави Стојкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот