Фото: Принтскрин

Улицата „Дебарца“ во Центар наскоро ќе биде пуштена во употреба

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информира дека реконструкцијата на улицата Дебарца влегува во завршна фаза и наскоро ќе биде пуштена во употреба.

Тој истакна дека при досегашните активности е поставен нов асфалтен слој на коловозот, а во тек е финалното уредување и прилагодување на тротоарите.

-Сообраќајот на Дебарца ќе се врати во нормала многу скоро. Улицата добива нов лик, а со тоа овозможуваме побезбедно и покомотно движење за сите што живеат и се движат тука- изјави Герасимовски.

Оваа улица е долга 220 метри, каде што е обновена коловозна површина од 1.700 квадратни метри, а се реконструира тротоар на површина од 1.000 квадратни метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот