Иван Федоров, градоначалник на Мелитопол (Средина)/ Фото Lemouton Stephane/Pool/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Украински градоначалник кој бил киднапиран од Русите: За нив вредноста на мојот живот е нула

Градоначалникот на украинскиот град Мелитопол, Иван Федоров, ги опиша деновите додека бил киднапиран од руските сили, пишува Ројтерс.

„Тоа беа опасни шест дена бидејќи вредноста на мојот живот е нула за Русите. Неколку војници дојдоа кај мене во текот на ноќта и разговараа со мене 4-5 часа“, рече Федоров, додавајќи дека се соочил со психичка, но не и физичка тортура.

Украина соопшти дека Федоров бил киднапиран на 11 март откако руските сили го зазеле Мелитопол, кој се наоѓа западно од опколениот град Мариупол во јужниот регион што Русија сака да го контролира. Киев го објави ослободувањето на Федоров во размена на затвореници на 16 март.

Федоров сега е во Рим и беше ослободен како дел од размена на затвореници. Тој вели дека се уште е во редовен контакт со граѓаните на Мелитопол и дека тамошните цивили немаат на располагање ниту храна, ниту лекови.

Градоначалникот, кој во саботата се сретна со папата Франциск и државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, пред да присуствува на богослужбата на Велигден, рече дека побарал од Ватикан да посредува кај рускиот претседател Владимир Путин за да гарантира хуманитарни коридори за Мариупол, кој се соочи со разорно бомбардирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот