Андриј Парубиј Фото: ЕПА

Украинската полиција не ја исклучува руската вмешаност во убиството на Парубиј

Заменик-началникот на Националната полиција и началник на криминалистичката полиција Андреј Небитов денес изјави дека полицијата не ја исклучува руската индикација за убиството на политичарот Андриј Парубиј, а според една верзија, убиството можеби било нарачано од Руската Федерација.

„Службениците за спроведување на законот работат на сите можни мотиви и не отфрлаат ниту една верзија. Истражните и оперативните групи работат на одделни верзии… Не исклучуваме дека ова била руска индикација, дека ова била наредба од Руската Федерација“, рече Небитов, објавува порталот РБК Украина.

Андриј Парубиј, поранешен претседател на Врховната рада и активен учесник на Евромајдан, беше убиен во сабота, 30 август, во Лавов, кога непознат напаѓач, преправен како курир, испукал осум куршуми кон него и избегал со електричен скутер.

Полицијата привела 52-годишен маж од Лавов 36 часа по злосторството во регионот Хмелницки, кој е осомничен за убиство со умисла и нелегално ракување со оружје.

Според полицијата, напаѓачот внимателно го испланирал злосторството, го следел Паруби и подготвил детален пат за бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот