Украински војници во Луганск
Украински војници во Луганск / Фото: EPA-EFE/STR

Украинската армија напаѓа области во регионот Луганск

Украинската војска соопшти дека напаѓа области во регионот Луганск каде што се движат руските сили и поставуваат нова борбена линија по неодамнешното повлекување од соседен Харков.

Коментирајќи ги двата неодамнешни напади, Генералштабот на армијата соопшти дека ги потврдиле руските загуби во нападот на градот Новоаидар во Луганск, тврдејќи дека „околу 50 единици воена опрема, како и муниција, биле уништени и оштетени”.

Покрај тоа, во околината на населбата Сватове, единици на вооружените сили гаѓале област каде што има голема концентрација на непријателот, соопшти Киев и додаде дека загинале 70 отсто од лицата кои биле во објектот.

Генералштабот на украинската армија исто така тврди дека проблемите со бројот на војници меѓу Русите се зголемуваат. Украинците информираат дека Русите се обиделе да мобилизираат 500 работници од една фабрика, но не успеале. Понатаму, тие наведуваат дека на жителите на Крим им е забрането да го напуштаат полуостровот, освен ако немаат посебна дозвола. Си-Ен-Ен не нагласи дека не може да ги потврди тврдењата.

Генералштабот, исто така, соопшти дека руските сили се обидуваат да се реорганизираат по неодамнешните загуби. Генералштабот го потврди новото гранатирање на руските сили во Доњецк и Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!