Фото: EPA/SERGEI SUPINSKY

ВИДЕО| Украинците жестоко го нападнаа главното руско пристаниште и базата на Црното Море

Украина  со  беспилотни летала и морски  дронови  го нападна рускиот пристанишен град Новоросијск, оштетувајќи неколку згради, изјави гувернерот на Краснодарската област Венијамин Кондратиев.

Според руските власти, најмалку две лица се убиени, а шест се ранети. Информациите не можеа да бидат независно потврдени а Украина сè уште не го коментираше, јавува  „Киев Индепендент“.

Новоросијск, кој се наоѓа на брегот на Црното Море на Русија, стана клучна база за руската Црноморска флота по повторените украински напади врз окупираниот Крим.

Новоросијск е најголемото руско пристаниште на Црното Море и важна точка за извоз на нафта, жито, јаглен, минерални ѓубрива и друг товар на европските и глобалните пазари. Градот, исто така, има специјализиран терминал за Конзорциумот за Касписки гасовод (КГЦ), кој транспортира поголем дел од казахстанската и дел од руската нафта.

Нападот, според извештаите, го погодил центарот на градот сред бел ден. Хотелот „Новоросијск“, на околу два километри од пристаништето, и најмалку пет околни згради биле оштетени.

Конзорциумот за Касписки гасовод потврди дека неговата канцеларија во градот е оштетена. Конзорциумот, меѓународен проект во кој учествуваат руски, казахстански и странски енергетски компании, управува со голем нафтовод што ги поврзува полињата во западен Казахстан со крајбрежниот терминал Новоросијск.

Ова не е прв пат неговите згради да бидат цел на беспилотни летала – тие беа цел и во февруари и март 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот