Украина потпиша мировен договор со земјите од Југоисточна Азија/Фото ЕПА

Украина потпиша мировен договор со земјите од Југоисточна Азија

Украина потпиша мировен договор со земјите од Југоисточна Азија. Договорот е од симболично значење, но неговото потпишување се случи во биден момент, кога Украина бара се поголема поддршка во борбата против Русија, пренесува Ал Џезира.

Украинскиот министер за надворешни работи денеска го потпиша договорот на годишниот состанок на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во главниот град на Камбоџа, Пном Пен. Со овој договор, потписниците се обврзаа да „ја почитуваат независноста, суверенитетот, еднаквоста и територијалниот интегритет на сите копотписници“.

Но, иако Украина беше поканета да го потпише овој договор, некои од земјите се спротивставија на претседателот Зеленски да им зборува на состанокот преку видео повик. Земјите членки на АСЕАН беа резервирани да заземат став за Русија. Тие го осудија вооружениот конфликт, но избегнаа да ја обвинат Москва за тоа.

Осум од десет земји-членки гласаа за осуда на руската агресија, додека блиските руски сојузници Виетнам и Лаос одбија да гласаат. Други земји-членки на АСЕАН се Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур и Тајланд. На лидерите на Мјанмар во моментов им е забрането да учествуваат на состаноците на АСЕАН поради секојдневното насилство што се случува во земјата од бунтот во февруари 2021 година.

Што се однесува до односот кон Русија, најжесток став зазеде Сингапур, кој веднаш воведе санкции кон Русија. Треба да се спомене и премиерот на Камбоџа, Хун Сен, кој ја поддржа Украина. „Камбоџа се противи на агресија, закани или употреба на сила против суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава. Не признаваме анексија или отцепување на територија од страна на други земји“, му рекол Хун Сен на Зеленски во телефонски разговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот