украина напад фото Твитер

Украина обвини дека Русија спроведува масовни гранатирања во јужниот дел на Украина

Русите денеска спроведоа „масовни” гранатирања во јужниот дел на Украина, целејќи кон поморско село близу Одеса и пристаништето Миколаев, соопштија украинските власти.

Руските напади се спроведуваат и покрај договорот постигнат со Москва минатата недела, за деблокирање на извозот на украинско жито, важно за светската прехранбена безбедност, преку три пристаништа во областа Одеса.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави видео на социјалните мрежи, каде може да се видат уништени куќи во Затока, популарно летувалиште на Црното Море близу Одеса.

„Утро е, вообичаеното село Затока. Луѓето се одмараа и живееја. Без бази, без војници. Руските терористи само сакаа да пукаат”, напиша Зеленски.

Јужната команда на украинската војска денеска соопшти за бројни ракетни напади во јужниот дел на Украина со употреба на авиони што доаѓаат од правец на Црното Море.

„Во Одеса се погодени станбени згради во крајбрежни квартови, според првичните информации нема жртви”, напиша војската во соопштение на Фејсбук.

Цел била пристанишната инфраструктура во регионот на Миколаев.

Регионалниот гувернер на Миколаев, Виталиј Ким изјави дека изутринава изведен е „голем напад” врз градот, објавувајќи видео каде се гледаат бројни експлозии и црн чад. б

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!