Оружје за Украина/ Фото: EPA/IVAN BOBERSKYY

Украина може да смета на поддршката од Германија

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл денес му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека „нема илузии за намалувањето на германската поддршка за Украина“ и дека земјата секогаш може да смета на поддршката од Германија.

„Путин не треба да верува дека германската поддршка за Украина ќе ослабне. Напротив, Германија останува втор најголем поддржувач на Украина во светот и најголем во Европа. Украина може да се потпре на нас“, рече Клингбајл за време на ненајавена посета на Киев, објави Ројтерс.

Клингбајл го повика Путин да покаже интерес за мировниот процес во војната, која трае од февруари 2022 година, нарекувајќи ја „најсмртоносната војна во Европа во последните 80 години“.

Тој, исто така, нагласи дека Украина мора да биде вклучена во сите мировни преговори, со услови како што се прекин на огнот и безбедносни гаранции за долгорочен мир.

Од почетокот на војната, Германија ја поддржа Украина со повеќе од 50,5 милијарди евра, се вели во соопштението на германското Министерство за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот