Заврши фудбалската сезона за Самит Билали („ФК Шкендија“)/фото: kfshkendija.com

Укината шестмесечната суспензија на Билали, фудбалерот кој шутираше играч на Академија Пандев

Сабит Билали беше казнет со суспензија од шест месеци (веќе поминаа три) за инцидентот во кој клоцаше фудбалер на Академијна Пандев во натпревар од ПМФЛ, а сега неговата суспензија се укинува.

Билали се жалеше поради висината на изречната казна истакнувајќи дека добил превисока суспензија и дека ситуацијата не била утврдена како што треба.

Билали беше казнет со шест месеци, а откако ја доби казната стигна и раскинувањето на договорот со Шкендија, па сега е слободен играч.

Случајот сега се враќа кај дисциплинската комисија на ФФМ која ќе одлучува дали ќе има промена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот