Ристо Крмзов / Фото: скриншот

Уапсениот струмички бизнисмен Крмзов оди во 30-дневен притвор

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој денеска беше уапсен како осомничен за сериозни финансиски злоупотреби на штета на државниот буџет, доби триесет дена притвор.

Тој од Кривичниот суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Во образложението од Судот се наведува дека мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

МВР попладнево се огласи околу апсењето на познатиот струмички бизнисмен Крмзов, соопштувајќи дека е поднесена кривична пријава против Р.К.(56), З.К.В.(30) и В.П.(29), од Струмица за „злосторничко здружување“, за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“ против 22 други лица и 15 правни лица. Како што тврди МВР, пријавените оствариле противправна имотна корист во вкупен износ од 5.801.937.796 денари или 94,3 милиони евра, на штета на државниот буџет.

МВР: Уапсениот бизнисмен Крмзов, други 22 луѓе и 15 фирми ја оштетиле државата за 94,3 милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот